НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО одлучува дали Охрид ќе го задржи статусот светско наследство со исклучителна универзална вредност

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 АНАЛИЗА, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Охридскиот регион е едно од само 8 во Европа што УНЕСКО ги има впишано во категоријата Мешовито светско природно и културно наследство (Mixed Cultural and Natural Heritage) што ги обединува сите услови од одделните категории природно и кулурно наследство. Затоа е исклучително важно да се организираат, реализираат и континуирано да се спроведуваат политики и мерки за заштита и афирмација на природните и културни реткости и убавини на Охрид, Охридското Езеро и регионот.

Сесијата на Комитетот на светско културно наследство на УНЕСКО што деновиве се одржува по 45-ти пат во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија е од посебен интерес на македонската јавност, затоа што нејзините членови треба да ја презентираат својата проценка за преземените мерки и активности на Владата на Северна Македонија и на Министерството за култура. Врз основа на таа проценка ќе се произнесат дали Охрид, Охридското Езеро и регионот ќе го задржи сегашниот статус како културно наследство со исклучителна универзална вредност или ќе биде ставено на листата на светски културни и природно вредности во опасност.

Комитетот е одговорен за спроведувањето на Конвенцијата за светско наследство, се состанува еднаш годишно и ги утврдува приоритетите за доделување финансиска помош по барање на државите членки и управува со Фондот за светско наследство.

Охрид, Охридско Езеро и регионот во фокусот на Комитетот на УНЕСКО

Во мандатот на членовите на Комитетот е запишано дека тие го имаат последниот збор дали некое светско природно или културно добро ќе биде впишано во листата на добра од исклучителна вредност и да биде препознаено како светско наследство. Истовремено, Комитетот за светско наследство ги вреднува извештаите за состојбата на веќе прогласените добра за светско наследство и може да побара од државите членки да преземат мерки кога тие не се правилно управувани од аспект на заштитата и афирмацијата на нивните исклучителни вредности. Комитетот одлучува и за запишување или бришење на добрата од листата на светско наследство во опасност.

Комитетот за светско наследство се состои од претставници на 21 држава членки на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство избрани од Генералното собрание на државите членки на Конвенцијата.

Во сегашниот состав на Комитетот се Аргентина, Белгија, Бугарија, Египет, Етиопија, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Мали, Мексико, Нигерија, Оман, Катар, Руска Федерација, Руанда, Свети Винсент и Гренадини, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Тајланд и Замбија.

На 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Ријад, претседавач е принцезата Хаифа Ал Могрин, од Саудиска Арабија, а известувач Шика Џаин од Индија. Заменици претседавачи се претставниците на земјите членки на Комитетот од Аргентина, Италија, Руската Федерација, Јужна Африка и Тајланд.

Другите суштинските функции на Комитетот се да ги идентификува, врз основа на номинациите поднесени од државите членки, кои културни и природни добра треба да бидат заштитени според Конвенцијата и да ги впишат во листата на светско наследство, како и да ја следат состојбата на зачувување на веќе запишаните добра на списокот на светско наследство и да одлучува кои од оние вклучени во списокот на светско наследство треба да бидат отстранети од листата и да бидат впишани во списокот на светско наследство во опасност.

Комитетот одлучува и по барањата за меѓународна помош финансирана од Фондот за светско наследство.

Меѓу двете годишни сесии, по препорака на Комитетот за светско наследство, ИКОМОС, односно Меѓународниот совет за споменици и локалитети, спроведе десет советодавни мисии на прогласени добра за светско природно и културно наследство за да помогне во проекти за зачувување и развој.

Во рамките на овие мисии беше опфатен и Охрид, езерото и охридскио регион, како и Рејтската железница во пределот Албула/Бернина, во Швајцарија; Акропол, Атина во Грција; Стоунхенџ, Авебери и придружните локации во Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска; Бриген во Норвешка; Бутринт во Албанија; Манастир Гелати во Грузија; Историскиот центар на Лима во Перу; Медина од Сус во Тунис и Кралските гробници на династијата Џосеон во Република Кореја.

Фреската ,,Успение на Пресвета Богородица” во охридската црква Пресвета Богородица Перивлепта

Регион со исклучителен спој на природно и кулурно наследство

Зошто е исклучително важно да се организираат, реализираат и континуирано да се спроведуваат политиките и мерки на системот за заштита и афирмација на природните и културни реткости и убавини на Охрид, Охридското Езеро и регионот?

Охридскиот регион е едно од само 38 подрачја во светот, од кои само 8 во Европа што УНЕСКО ги впиша во категоријата Мешовити светско природно и културно наследство (Mixed Cultural and Natural Heritage).

Тоа значи дека во градот Охрид, Охридското Езеро и регионот се обединети сите услови од одделните категории природно и кулурно наследство како исклучителни универзални вредности според Конвенцијата за светско културно наследство на УНЕСКО чиј потписник е и Македонија.

Исклучителната универзална природна вредност, охридскиот регион ја доби заради Охридското Езеро, вклучително со регионот. Препознаено како најстаро езеро во Европа кое датира уште пред  глацијалниот период, географски изолирано и со непрекината биолошка активност од најмалку еден и пол милион години, Охридското Езеро е природен феномен кој обезбедува уникатно прибежиште за бројни ендемски слатководни видови флора и фауна.  Неговата исклучителна екологија се должи на олиготрофните води кои поддржуваат над 200 ендемски видови растенија и животни од кои 17 видови риби.

Од друга страна, за да биде прифатен како исклучителната универзална културна вредност Охрид и регионот, како едно од најстарите живелишта во Европа, во периодот кога беше комплетирана апликацијата за да се стекне со титулата Светско културно и природно наследство според УНЕСКО во 1980 година, беше оценето како најдобро сочувана комплетна целина која опфаќа археолошки остатоци од Бронзената ера сè до Средниот век. Како особено уникатни беа оценети религиската архитектура од 7 до 19 век, урбаната структура која ја претставува градската архитектура од 18 и 19 век, како и византиската уменост е претставена низ фрески на површина поголема од 2500 метри квадратни и преку 800 светски вредени икони од 11 до 14 век.

Во Охрид е и најстариот словенски манастир, Св. Пантелејмеон и извор на словенската култура, како и седумте базилики од 4 до 6 век во стариот дел на градот кои  укажуваат на славата на античкиот град Лихнидос.

Галеријата на икони во Охрид

Државата во постапка да докаже дека може да гарантира трајно зачувување на интегритетот и автентичноста на охридскиот регион

“Спојот на природните феномени од светска важност со квалитетот и разновидноста на културните вредности и духовното наследство, го прават овој регион вистински посебен“, беше истакнато во извештајот на Меѓународна унија за зачувување на природата (IUCN) во 2019 година, истата година кога беше објавена и нацрт одлуката на Центарот за светско наследство во којашто беше констатирано дека регионот „се соочува со непоправливи трансформации на севкупната врска помеѓу историскиот град, археолошките остатоци, природниот пејзаж и Охридското Езеро со кои единствено може да се справи со преземање огромни промени во владеењето, управувањето, планирањето, заштитата и процесите на имплементација. Постојаните закани во комбинација со инфраструктурните и развојни проекти од голем размер, поединечно и кумулативно преставуваат потенцијална опасност по исклучитечните и универзалните вредности на на доброто.“

Во насока на презентирање на активностите, кои во голема мерка се резултат на работата на националнагта Комисија за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, која, согласно препораките на УНЕСКО за да ги координира и советодавно да учествува во иницијативите и мерките што се дефинирани во Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и  Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Ријад, Саудиска АСрабија, ќе учествува на завршните сесии на Комитетот на УНЕСКО, откако во февруари оваа година беше доставен заедничкиот извештај на Северна Македонија и Албанија за сите преземени мерки и активности меѓу две сесии на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

На оваа 45-та сесија на Комитетот за светското кулурно наследство, се очекува да биде соопштено мислењето на УНЕСКО за статусот на природното и културното наследство на Охрид, Охридското Езеро и охридскиот регион врз основа на опсежната документација која треба да ја докаже дека  државата воспоставила систем за заштита и дека може да гарантира трајно зачувување на интегритетот и автентичноста на охридскиот регион како светско културно наследство со исклучителната универзална вредност.

Заштита на културно наследство Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.