Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија ги предупредува амбасадорите на ЕУ да не присуствуваат на „забранетата“ Парада на гордоста

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарија ги предупреди амбасадорите на ЕУ и нивниот персонал да не присуствуваат на маршот на гордоста во сабота во Будимпешта, велејќи дека полицијата го забранила собирот, според писмото до кое увид имала aгенцијата „Франс прес“, пишува РСЕ.

Организаторите на маршот оттогаш испратија свое писмо, инсистирајќи дека полицијата нема овластување да ја забрани парадата и ветувајќи дека таа ќе се одржи според планот.  Откако премиерот Виктор Орбан се врати на власт во 2010 година, Унгарија донесе низа закони кои беа критикувани дома и низ Европската Унија за ограничување на ЛГБТИ правата во име на „заштита на децата“.

Минатата недела, полицијата ја забрани главната Парада на гордоста во Будимпешта, а градоначалникот на главниот град ја прекрши забраната, велејќи дека полицијата нема право да забрани настан организиран од градскиот совет, ветувајќи дека ќе се одржи како што е планирано.

Организаторите на Парадата на гордоста, пак, испратија писмо до амбасадите во кое инсистираат дека полицијата нема право да забрани настан организиран од градскиот совет и дека маршот е „ниту забранет ниту нелегален“.

Продолжуваме да работиме за да обезбедиме најголемата парада на гордоста во Унгарија да се одржи оваа сабота во безбедна и сигурна средина, рече претседателката на Будимпешта Прајд, Викторија Радвањи.

Полицијата соопшти дека забраната била неопходна според неодамна донесениот закон со кој се забранува промовирање на истополови врски кај лица под 18 години.

Контроверзноста околу парадата на гордоста веќе предизвика протести во Унгарија. Неколку членови на Европскиот парламент изјавија дека ќе присуствуваат на парадата. Се очекува европскиот комесар за еднаквост Хаџа Лахбиб (Хаџа) да пристигне во Будимпешта во петок и би можел да присуствува на маршот, како и министри од неколку земји од Европската Унија, соопштија организаторите.

Учесниците ризикуваат казни до 500 евра. Полицијата може да користи технологија за препознавање лица за да ги идентификува. Организаторите ризикуваат затворска казна од една година.

 

амбасадори геј парада Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.