Опонентите на Виктор Орбан во Унгарија тргнаа во кампања против анти-европската кампања на унгарската власт.
Како одговор на националната консултација наречена «Стоп за Брисел», опозициската партија Моментум во текот на минатата ноќ ги излепија плакатите на владата на кои пишува «Стоп за Брисел» со портокалови налепници на кои стои «Стоп за Орбан» и «Стоп за Москва».
«Доста ни е од лаги. Зато аги корегиравме плакатите со помош на нашите активисти во 14 големи градови во земјата», изјавил за агенцијата АФП еден од активистите.
«Владата на Орбан мобилизира против ЕУ со парите на даночните обврзници и со тоа му ја продава нашата национална независност на Русија на Путин», вели Моментум.
Ова опозициско движење се претвори во политичка партија за изборите кои ќе се одржат во 2018 година. Партијата активно учествува во протестите против владата во изминатите десет дена и се противи на нападите на Орбан врз невладините организации и нападите врз работата на Универзитетот на Централна Европа.




