Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија во серија смени на директори во Македонски Телеком

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога Никола Груевски преку проглас на социјалните мрежи објави дека добил азил од унгарската влада, речиси истовремено, централниот регистер на компании на Македонија попладнето објави дека се промениле дел од директорите во одборот на Македонски Телеком, објавува Истражувачката репортерска лабораторија во своето истражување.

Причина е заминувањето на стариот директор од Будимпешта.

Во изминатите три месеци се промениле три директорски позиции во одборот поради давање оставки на директори во Маѓар Телеком.

На барање на унгарската страна, „Македонски Телеком“ промени член од одборот на директор. Одлуката е официјална и на сила од 20 ноември минатиот месец, откако Регистарот на компании на Република Македонија ги впиша промените.  По ова барање, Собранието на АД „Македонски телеком“ на 09 ноември одлучува да го разреши Иштван Ѓерѓ Девени, исто така од Унгарија, и на негово место го назначува Јанош Тремел кој што е директор на мрежна технологија во „Маѓар Телеком“, унгарската подружница на „Дојче Телеком“. „Дојче Телеком“ преку „Маѓар Телеком“ го поседува мнозинскиот пакет акции во македонскиот телеком, односно 51 процент, а втор најголем акционер е Владата на РМ со нешто повеќе од 38 проценти акции со право на глас.

Истражувачката репортерска лабораторија ја забележа промената на веб страницата на Централниот регистер, институција која што ги впишува трговските друштва и е задолжена да известува за смените кои се случуваат во компаниите, а пребарувањето на јавните бази на податоци покажа Унгарците самите побарале да го сменат стариот со нов претставник како неизвршен член на Управниот одбор.

Извор: ИРЛ

Промената во одборот на директори објавена на Централен регистар

Според информациите кои што се доставени до Собранието на Македонски Телеком, унгарската страна бара да се промени директорот поради тоа што Ѓерѓ Девени си заминува од „Маѓар Телеком“. Причините за заминувањето на стариот директор не се образложени.

Информацијата ја потврди и членот на директори на АД Телеком. Еден месец пред одржувањето на Собранието, односно на 9 октомври Одборот на директори на АД „Македонски телеком“ одлучува да го свика Собранието кое подоцна ја одобрува смената.

„Тие самите побараа смена, не известија и имаат право да го направат тоа кога сакаат“, вели Mирослав Вујиќ, член на Одборот на директори на АД Телеком.

Деталите за тоа кога започнале смените, повеќе во сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија.

Виктор и Никола: Историја на една долги врска од интерес

 

Груевски директори Машар телеком смени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.