Published: Wednesday, September 9, 2015 13:01
Камерманката Петра Лазло, која ја разбрани јавноста на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое, за време на своите обврски при снимањето на бегалците таа им става сопки и ги клоца бегалците (меѓу нив и деца), е отпуштена од работа.
Настанот се случи во Реске, неколку стотици метри од границата меѓу Србија и Унгарија.
Лазло работела во интернет-телевизијата 444.hu, која се поврзува со крајно-десничарската партија Јоббик.
Фрустрирани од условите во бегалскиот камп, стотици мигранти, Сиријци, Ирачани и Авганистанци го поминаа полицискиот кордон за да побегнат од кампот.
Во кратко соопштение, нејзиниот работодавец вели таа се однесувала “неприфатливо“.




