Published: Friday, September 18, 2015 13:44
Градоначалникот на унгарската општина Ашоталом, Ласло Торачкаи, снимил видео, очигледно наменето за бегалците кои се обидуваат да влезат во Унгарија, во кое порачува „Унгарија е лош избор, Ашоталом е најлош“.
Торачкаи зборува дека сите кои легално влегуваат во Унгарија се добредојдени, а оние кои ќе се обидат илегално да ја поминат границата ќе завршат во затвор и прогонство.
Тој порачува дека „ако сакаат бегалците да стигнат до Германија, најблискиот пат е преку Хрватска и Словенија.
Надзорни камери, воени хеликоптери, полициски возила, војници во акција и снимки од бодликавата ограда се дел од неговото сценарио во видеото, кое наликува како трејлер за акционен филм.




