Published: Tuesday, January 19, 2016 09:47
Новиот шеф на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди изјави дека светот мора да најде поправедна формула за распределба на товарот на сириската криза, вклучувајќи и разместување на стотици илјади бегалци од прифатните центри во земјите на тој регион.
Над четири милиони Сиријци побегнаа од земјата и повеќето од нив живеат во тешки услови во соседните држави како Јордан, Либија и Турција.
УНХЦР се надева дека на донаторската конференција во февруари во Лондон ќе бидат собрани доволно пари за помош на бегалците. Во март во Женева е најавен меѓународен собир каде што треба да се разговора за сириските бегалци.




