Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Половина милион деца бегалци се на мета на трговци со луѓе

0
By Нова ТВ on September 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 2, 2016 11:13

Новите бројки на УНИЦЕФ откриваат дека за околу половина милион деца-бегалци и мигранти во движење, од јануари 2015 година до денес биле мета на криумчари, бидејќи одложувањата и очајот ги водат во рацете на криминалците кои брзо ја искористуваат нивната ранливост.

Со цел да фрли светлина врз мрачното подземје на криумчарењето мигранти во Европа, како и подобро да го обликува својот одговор, УНИЦЕФ собра информации од различни извори – вклучувајќи ги и Европол-Интерпол, сведоштва од самите деца, публикации од агенциите на ОН, невладини организации и потврдени извештаи во медиумите.

– Бројките објавени од Еуростат оваа недела покажуваат дека повеќе од 580.000 барања за азил во Европа од јануари 2015 година биле поднесени од деца. Со неодамнешниот извештај на Европол-Интерпол, што укажува дека над 90 проценти од патувањата на бегалците и мигрантите кои доаѓаат во ЕУ ги потпомагаат криумчари што работат за криминални мрежи, се проценува дека најмалку половина милион деца користеле криумчари во некој момент од своето патување. Децата без придружба изнесуваат речиси 100.000 од вкупниот број и особено се склони кон користење криумчари, се вели во соопштението од УНИЦЕФ.

– Затворањето на службените граници беше како заклучување на вратите, но оставање на прозорците отворени, што само ги тера децата, посебно оние без придружба, да преземаат поголеми ризици, вели Мари-Пјер Поаре, специјалниот координатор на УНИЦЕФ за бегалско-мигрантската криза во Европа. „Државите треба да градат поцврсти системи за заштита на децата, а не повисоки ѕидови“, вели таа.

Иако бранот на бегалци и мигранти значително забави, затворањето на границите, зацврстените миграциски политики и договорот меѓу ЕУ и Турција доведоа до тоа овие криминални групи да ги прилагодат добро утврдените патишта на криумчарење дрога и оружје за пренесување бегалци и мигранти.

 

– Државите при својата реакција често се водат според политиките за контрола на миграцијата наместо според реалните и непосредни права и потреби на децата-бегалци и мигранти. Да има безбедни и легални опции, децата и нивните семејства не би биле принудени да завршат во рацете на криумчарите и трговците со луѓе, кои многумина од нив ги доведуваат во опасност на нерегуларните патишта, велат од УНИЦЕФ.

Шверцот и трговијата со луѓе сега се проценува на 5-6 милијарди американски долари годишно. Бидејќи бројот на луѓе што тргнуваат на опасно патување опадна, Европол наведува дека овие криминалци тројно ги зголемиле цените, при што многу мигранти сега плаќаат и до 3000 евра само за еден дел од патувањето.

Децата често носат долг со себе поради тоа што биле шверцувани. Отплаќањето на ваквиот долг ги става во зголемен ризик од експлоатација од страна на криумчарите, при што се пријавува дека децата без придружба во Франција и Италија разменуваат сексуални услуги, принудени се да работат и се присилуваат на вршење кривични дела.

За заштита на  децата-бегалци и мигранти, УНИЦЕФ итно повикува:

– Многу поголеми напори треба да се вложат во документирање на криумчарењето и трговијата насочени кон децата во движење,

– Во транзитните земји, особено во Грција и Италија, од клучно значење е актерите за заштита на децата да бидат оспособени за индивидуално советување и поддршка на сите ранливи деца-бегалци и мигранти, со посебен фокус врз децата без придружба и разделените деца,

– Построго собирање на квалитативни податоци за децата во контекст на одговорот во Европа кон бегалците и мигрантите.

Исто така, УНИЦЕФ воспостави мобилни тимови во клучните области, со експерти за заштита на децата, со цел да им се обезбедат услуги на децата во движење и да се помогне бргу да се идентификуваат децата што можеби се жртви на криумчарење и трговија со луѓе. На пример, специјализираниот персонал и партнерите во центрите за деца без придружба во и околу Атина и на пристаништето во Лампедуза, Италија, помагаат да се идентификуваат и да им се помогне на жените и девојките кои можеби станале жртви на сексуална експлоатација. УНИЦЕФ, исто така, се залага за постојано следење и истражување на ефектите од криумчарењето и трговијата со деца-бегалци и мигранти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.