Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Темелот на глобалната епидемија на морбили е од пред 10 години

0
By Нова ТВ on April 25, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2019 14:10

Околу 169 милиони деца ја пропуштиле првата доза од вакцината против морбили во периодот меѓу 2010 и 2017 година, односно просечно 21,1 милион деца годишно, изјави денеска УНИЦЕФ денеска.

Сѐ поголемиот број невакцинирани деца создаде пат до појавата на морбили во неколку земји низ светот денес. 

„Темелот за глобалната епидемија на морбили на која сме сведоци денес беше поставен пред неколку години. Вирусот на морбили секогаш ќе најде невакцинирани деца. Ако сакаме да бидеме сериозни и да го спречиме ширењето на оваа опасна, но спречлива болест, треба да го вакцинираме секое дете, како во богатите, така и во сиромашните земји““, изјави Хенриета Фор, извршен директор на УНИЦЕФ.

 Во првите три месеци од 2019 година, пријавени се над 110.000 случаи на морбили во светот – што е речиси 300 отсто повеќе од истиот период лани. Се проценува дека 110.000 лица, од кои повеќето се деца, починале од морбили во 2017 година, пораст од 22 отсто во споредба со претходната година.

 Две дози од вакцината против морбили се суштински за заштита на децата од оваа болест. Меѓутоа, поради немање пристап, слаб здравствен систем, попустливост, а во некои случаи, и поради страв или скептицизам во врска со вакцините, покриеноста во светот со првата доза од вакцината се пријавува на 85 проценти во 2017 години, бројка што остана релативно постојана во последнава деценија и покрај порастот на населението. Глобалната покриеност со втората доза е многу помала, со 67 проценти. Светската здравствена организација препорачува праг од 95 проценти покриеност со имунизација за да се постигне таканаречениот „имунитет на стадо“.

Според последните податоци, иако покриеноста со првата доза во земјите со висок приход изнесува 94 отсто, покриеноста со втората доза опаѓа на 91 отсто.

 САД е на врвот на листата на земји со висок приход каде повеќето деца не ја добиле првата доза од вакцината меѓу 2010 и 2017 година, со над 2,5 милиони. По САД следат Франција и Велика Британија, со над 600.000 и 500.000 невакцинирани деца, соодветно, во текот на истиот период.

 Во земјите со низок и среден приход, состојбата е критична. На пример, во 2017 година, Нигерија имала најголем број деца под една година кои ја пропуштиле првата доза, со речиси 4 милиони. По неа следат Индија (со 2,9 милиони), Пакистан и Индонезија (со по 1,2 милиони), и Етиопија (со 1,1 милион).

Во светот, степенот на покриеност со втората доза од вакцината против морбили е уште поалармантен. Од првите 20 земји со најголем број невакцинирани деца во 2017 година, 9 не употребиле втора доза. Дваесет земји во супсахарска Африка не ја вовеле потребната втора доза во националниот план за вакцинација, со што над 17 милиони деца годишно се изложени на поголем ризик од мали сипаници во детството.

УНИЦЕФ, со своите партнери како Иницијативата против морбили и рубеола и Гави, Алијансата за вакцинација, помага во решавањето на кризата со морбили преку:

  • Договарање на цените за вакцини: цената на вакцината против мали сипаници сега е најниска во историјата;
  • Помагање на земјите да ги откријат недоволно покриените области и деца;
  • Набавка на вакцини и други материјали за имунизација;
  • Поддршка на кампањи за дополнителна вакцинација заради решавање на недостатоците во рутинската имунизација;
  • Работа со соодветните земји заради воведување на втората доза од вакцината против мали сипаници во националниот план за имунизација. Камерун, Либерија и Нигерија се на добар пат за тоа во 2019 година.
  • Воведување иновации како на пр., употреба на соларна енергија и мобилни технологии заради одржување на потребната температура на вакцините.

„Малите сипаници се многу заразни. Пресудно е не само да се зголеми покриеноста, туку и да се одржи стапката на вакцинација со потребните дози за да се создаде сеопфатен имунитет за сите“, рече Фор.

Во Македонија, според последните расположиви податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на појавата на морбили во декември 2018 до 18 април 2019 имало вкупно 1081 случаи на морбили (стапка од 52,2 на 1,000 што е највисока стапка во последните десет години).

Меѓу оние кои се најпогодени се 184 деца на возраст под 12 месеци (највисока инцидентна стапка од 787,2 на 100.000) и 189 деца на возраст од 1-4 години (втора највисока стапка на инциденца од 203,6 на 100.000). Податоците за опфат со вакцините покажуваат тренд на опаѓање на ММР вакцината од 2014 година.

Просечниот опфат со ММР вакцина во Северна Македонија за 2018 година беше 74,8% за првата вакцина и 93,8% за втората доза. Од деца под 12 месеци кои имаат право на прва доза, околу 5.959 остануваат невакцинирани, од кои 2.246 (37.7%) во Скопје и 742 (12.5%) во Куманово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.