На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Охрид, меѓудругото, беше донесена и одлука за исплата на премија за успешниот вовед на националниот тим во Лигата на нации на УЕФА.
За победите над Гибралтар и Ерменија, фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат 30.000 евра.
На седницата се задолжи и генералниот секретар Филип Поповски за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на Статутот на ФФМ.