За четирите бода со Летонија и Словенија: По 4.000 евра премија за фудбалер

Вака реши Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница како награда за националите по одличниот почеток во циклусот на квалификации за ЕП 2020. За нов потпретседател на Куќата на фудбалот е именуван велешанецот Лазар Ракиџиев, Марјан Стојкоски, пак, во иднина ќе биде национален координатор на македонските селекции