Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управен го поништи решението на Лустрациска за Ѓорѓи Спасов

0
By Нова ТВ on December 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на факти за лустрација на поранешниот министер за правда и поранешен амбасадор, Ѓорѓи Спасов, уважувајќи ја неговата жалба, пренесе 24 Вести.

„Одлуката на Комисијата се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Фактичката состојба е погрешно утврдена и истата е заснована на недоволно докази,“ велат од Управен.

Спасов, за кој Лустрациска комисија запиша дека соработувал со тајните служби во поранешниот систем, вели дека правдата ќе ја побара и во граѓанскиот суд.

„Тоа беше процес во кој што власта на Груевски политички ја инструментализираше комисијата и судството за да политички се пресмета со своите политички неистомисленици и своите критичари. Во таа смисла, одлуката истовремено дава и надеж дека судството во Македонија се ослободува од партискиот притисок и дека може во одредени ситуации да носи одлуки кои што ја врачаат правдата и да го вратат целокупнотоопштество во нормалноста,“ вели Ѓорѓи Спасов, универзитетски професор и поранешен министер за правда.

Освен пресудата во корист на Спасов, Управен суд во јули годинаваа ја поништи лустрацијата и за новинарката Јадранка Костова, а во август ја уважи и тужбата на пензионираниот новинар Градимир Јовановиќ. Првата одлука на Комисијата за лустрација на поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, пак, падна пред судот во Стразбур.

Лустрацијата имаше за цел да го прочисти државниот апарат од поранешните соработници на тајните служби, но според аналитичарите ја нема исполнето својата улога.

Ѓорѓе Спасов Лустрациска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.