Ураганот „Мајкл“, најсилниот што го зафати американското копно во последните 50 години, ја погоди сојузната држава Флорида со разорен ветер со брзина од 250 километри на час. Невремето го погоди северозападниот дел на полустровот каде што поплави улици и предизвика прекин на струјата и интернетот, а се слушнале и експлозии, наведуваат новинските агенции.
Претходно, локалните власти упатија повик до над 370 илјади луѓе да се евакуираат, но повеќето го игнорирале апелот.
Две лица меѓу кои и едно дете загинале кога врз нив паднале дрвја, соопштија официјалните претставници.
Невремето остави речиси 500.000 луѓе без струја во Флорида и во Алабама .

Од ураганот Мајкл претходно загинаа 13 лица – шест во Хондурас, четири во Никарагва и три во Ел Салвадор.




