Најмалку 15 луѓе се мртви и 20 други се пријавени за исчезнати во Доминика, откако ураганот Марија помина низ островот, соопшти премиерот на Карипскиот остров – пренесува „BBC“.

– Беше чудо што бројката на мртви не се брои во стотици – рече премиерот Рузвелт Скерит, на една локална телевизиска станица.

Ураганот Марија, помина низ Доминика како бура од четврта категорија, доцна во понеделникот, уништувајќи стотици домови.

Бурата потоа се префрли во Порторико, оставајќи го целиот остров без електрична енергија.