Published: Friday, October 7, 2016 20:41
При налетот на ураганот „Метју“, околу 900 луѓе загинаа а десетици илјади останаа без своите домови. Метју зад себе остави пустош соопштуваат американските служби за цивилна заштита.
– Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата, се вели во соопштението на Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.
Хаити е често на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на пресекот на патот низ кои најчесто минуваат ураганите.
Во јануари 2010 година земјата беше погодена и од силен земјотрес при што поголем дел од Порт о Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе.




