Published: Sunday, October 9, 2016 11:45
Ураганот Метју денеска пристигна на територијата на американските сојузни држави Северна Каролина и Вирџинија каде предизвика големи поплави, а над милион луѓе се без струја, соопштија службите за вонредни ситуации.
Иако силата на ураганот ослабе по ударот на Хаити каде загинаа околу 900 луѓе, со пристигнувањето на југоисточниот брег на САД загинаа 11 луѓе на Флорида, Џорџија и Северна Каролина, додека два милиони останаа без домовите, а компаниите без струја.
Рано утрово по лолакно време во Северна Каролина и Вирџинија се регистрирани ветрови со брзина од 120 километри на час.
Ураганот Метју кој на Хаити беше во категоријата урагани 5, сега во САД е во категорија 1.




