Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урбанович: Да не се дозволи Русија и овој пат да ја убеди меѓународната заедница „да не ги гледа“ ѕверствата што Русите ги вршат секој ден

0
By Ана Василевска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во четвратата сабота на ноември секоја година традиционално се одржуваат настани за почитување на споменот на жртвите на Гладоморот-геноцидот од 1932-1933 година во Украина. Оваа година, почитувањето на споменот на милиони невини жртви на сталинистичките репресии ќе се одржи за време на руската воена агресија против Украина, рече Олександр Урбанович, лидер на Лесја Украина, на денешната изложба посветена на жртвите на Глодоморот.

„Гладоморот е геноцид на украинската нација, извршен во 1932-1933 година. Тој беше измислен од раководството на Советскиот Сојуз со цел да ги потчини Украинците, конечно да го елиминира украинскиот отпор кон режимот и обидите да се изгради самостојна Украинска Држава, која не зависи од москва. Така, Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше намерно инициран и ставен во сила од страна на советскиот режим преку заплена на жито и блокирање на испораката на храна. Границите беа затворени за да се спречи населението да го напушти регионот или да добие надворешна помош. Целта на Гладоморот беше елиминирање на отпорот кон насилната колективизација на земјоделството и уништување на националниот идентитет на Украина.

Дури во последно време овие злосторства почнаа да привлекуваат меѓународно внимание и разбирање, врз основа на фактот дека во дејствијата на Русија се манифестираат актите на геноцид дури и сега во: извршувањето на масовни злосторства од страна на вооружените сили на русија на привремено окупираните територии (вклучително и во Буча, Ирпин, Мариупол итн.); систематските намерни убиства на цивилно население; насилно преселените украински деца на територијата на Русија; физичкото и психичкото насилство врз населението на Украина.

Советскиот Сојуз ја убеди меѓународната заедница да не го „гледа“ масовното убиство на Украинците со помош на пропаганда и поткуп на поединечни новинари. Сепак, имаше публицисти кои ја пишуваа вистината. Зачувани се извештаите на амбасадорите, дипломатите. Режимот презеде чекори за да го избрише сеќавањето за убиството на повеќе од 7 милиони Украинци, но сеќавањето на народот е неуништливо, а со независноста на Украина, забраната за зборување за Гладоморот е укината.

Не дозволувајте Русија и овој пат да ја убеди меѓународната заедница „да не ги гледа“ оние ѕверства што Русите ги вршат секој ден… слични на оние што ги вршеа во Украина во 1932-1933 година.

Ве замолуваме да ги здружите силите во одбрана на заедничките демократски и европски вредности. Верувам дека доброто ќе победи над злото, како што секогаш се случува во историјата!“, истакна Урбанович во своето излагање.

Војна во Украина Гладомор Олександр Урбанович
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.