Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ургентен центар како од хорор филм

25
By Нова ТВ on February 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2017 16:30

Ургентниот центар на скопските хируршки клиники е во катастрофална состојба. Додека Градската хируршка болница „Св.Наум Охридски“поради реновирање во наредните три месеци пациентите ќе ги препраќа во другите болници, се поставува прашањето дали Ургентниот центар ќе може да одговори на потребите.

Од фотогалеријата на НОВА може да се видат условите во кои се примаат и им се дава терапија на итните случаи. Искршени плочки, распаднати ѕидови, дотрајани носилки, стари апарати, корозирани масички за прибор од кои излегла бојата. Вака изгледа Ургентниот центар каде дневно поминуваат од 300 до 400 пациенти, а во ноќната смена и стотина итни случаи.

[Best_Wordpress_Gallery id=”6″ gal_title=”Ургентен центар”]

Во Ургентниот центар се примаат најтешките и најургентни случаи од цела држава. Се примаат повредени од сообраќајни незгоди, со скршеници, повредени во престрелки  како што беше случајот со Диво Насеље, тука беа примани ранетите од конфликтот во 2001 година.

Но, во последно време во просториите на Ургентниот центар нема услови за пациентите, ниту за работа на медицинскиот персонал. Апаратот за Компјутеризирана томографија кој е донација од амбасадата на САД, воопшто не функционира.

Според медицинскиот персонал Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар е во очајна состојба. Просторот каде што има огромна фреквенција на луѓе преставува и опасност од инфекции. Нема најава за негово реновирање, ниту за апарати кои се неопходни за ургентните случаи. Се уште не е на повидок изградбата на новиот Клинички центар кој беше најавуван четири години по ред, каде што треба да биде сместен и Ургентниот центар. На пациентите кои плаќаат здравствено осигурување им останува да се лекуваат во вакви лоши услови, а никој не кажува дали и кога ќе се подобрат.

итни случаи томографија Ургентен центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.