Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урсула фон дер Лајен: Преговарачкиот процес ќе значи зголемени инвестиции и зајакнати трговски врски

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Претседателката на Европската комисија на денешната прес-конференција со премиерите на Македонија, Албанија и Чешка
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешното отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е успех на двете земји и на нивните граѓани. Тоа е резултат на истрајноста, посветеноста на европските вредности, покажаната отпорност и задржаната верба во пристапниот процес, порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција.

Таа нагласи дека притоа двете земји го зацврстиле владеењето на правото, се бореле против корупцијата, имаат слободни медиуми, добро граѓанско општество, бројни реформи и ги модернизирале економиите.

„Ги направивте сите овие промени не само затоа што беа потребни на вашиот пат кон ЕУ, туку пред се затоа што се добри за вашите земји. И тие веќе испорачуваат подобар и поквалитетен живот за вашите луѓе. ЕК ве поддржуваше на целот пат и ќе продлжиме така“, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК се осврна и на меѓувладината конференција што ќе се одржи денеска во Брисел.

„По нејзиното одржување Комисијата и преговарачките тимови од Албанија и Северна Македонија ќе започнат со работа. Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне, тоа е првиот чекор од процесите и ќе им овозможи на Албанија и Северна Македонија да се запознаат со правата и обврските на нашата Унија, од спогодби преку законодавство, меѓународни договори и ќе продлжиме многу брзо со сето тоа“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ќе се продолжи заедно и одблизу да се работи во повеќе клучни области.

„На пример Албанија сега ќе се приклучи кон механизмот за цивилна заштита. Веќе започнавме минатиот месец со дискусиите и ова ќе ја зголеми отпорноста на Албанија кон природни катастрофи како што се пожари, поплави, земјотреси и земјите членки знаат особено затоа што во моментов некои се справуваат со огромни пожари, дека ЕУ секогаш е тука за да ве поддржи кога ќе се појават катастрофи. Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за Фронтекс. Се работи за распоредувањето на Фронтекс во Северна Македонија и тоа ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар може да сметате на мојата поддршка за да се осигуриме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“, рече претседателката на ЕК.

Таа нагласи дека со отворањето на пристапниот процес ќе се зголеми соработката онака како што двете земји ќе напредуваат со преговорите.

„Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области, како што се енергетиката и транспортот. Ќе ја максимизирате употребата, но и ефектот од финансиите од ЕУ.  Тоа значи нови работни места, нови бизнис можности и ова она што вашите граѓани го чекаа толку долго и за што работеа толку напорно, и ова е она што го заслужуваат“, рече Фон дер Лајен.

Таа во изјавата им се обрати и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и на неговиот албански колега Еди Рама.

„Покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение особено Еди. И она што е најважно во ова предизвикувачко време со руската брутална војна докажавте одново и одново дека вашата приврзаност кон европските вредности е всушност вистинска, покажавте дека сте вистински пријатели, вистински партнери“, рече таа додавајќи дека луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова. (Р.Н.)

Брисел преговарачки процес Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.