Published: Monday, April 20, 2015 15:59
Уште една трагедија со мигранти во водите на Средоземното море. Брод со над 300 мигранти тоне, соопшти денеска Меѓународната агенција за миграции (ИОМ).
Во соопштението на ИОМ се вели дека човекот кој се обратил за помош, информирал дека на неговиот брод имало 300 луѓе, а 20 загинале.
Во друга бродска трагедија, најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска, откако брод што превезувал мигранти се насукал во близина на грчкиот остров Родос.
Италијанското Обвинителство соопшти дека на бродот со имигранти што се преврти во неделата во Средоземното Море, според изјава на еден од преживеаните, имало околу 950 луѓе.
Инцидентот кој ја потресе јавноста се случи недалеку од либиските води на 120 милји јужно од островот Лампедуза.




