Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден Македонец починал по лекувањето кај српскиот надрилекар Петровиќ

0
By Нова ТВ on March 9, 2019 ВЕСТИ
Фото: Блиц
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 9, 2019 10:14

Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити.

Според Илиевски, кој, како што пишува Блиц е од околината на Прилеп, на неговиот внук Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Уште веднаш од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.

Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.

Но неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.

За комуникацијата со Петровиќ, Илиевски за Блиц вели дека таа била исклуливо меѓу неговиот внук и надрилекарот. Но кога состојбата му се влошила, Петровиќ веќе не му одговарал на пораките.

По смртта, Илиевски се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

-Кога му се јавив, ми рече само дека не ме познава и да не го барам повеќе. Подготвен сум сето ова да го кажам во полиција. Тој шарлатан е многу опасен, а млади луѓе многу го слушаат Мирољуб и веруваат во неговите зборови, вели Илиевски за Блиц.

Случајот со Ристо Крстевски е само еден од многуте за кои весникот Блиц подолго време пишува, а се поврзани со надрилекартвото на Мирољуб Петровиќ.

Во Јавното обвинителство во Лесковац се води предистражна постапка против Петровиќ со која треба да се утврди дали се занимавал со надрилекарство.

– Тоа го правиме заради утврдување на постоење на основа за сомневање дека Мирољуб Петровиќ сторил кривично дело „тешко дело против здравјето на луѓето“ по член 259, став 2 и член 254 од Кривичниот законик“, се вели во одговорот од Обвинителството.

Еден од нив е и случајот на 31 годишниот Славчо Петров чија сестра за НОВА ја раскажа голготата низ која поминал нејзиниот брат, кој имал тумор на мозокот и исто така поради шарлатанството на Петровиќ ја изгуби битката со ракот.

Биљана Јовановиќ апелира до сите оние кои слушнале за Петровиќ, кои се соочуваат со тешка болест и имале намера да заминат кај него, да не одат и предупредува дека се работи за човек кој заработува на маката на тешко болните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.