Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште едно дете со дијабетес пренесено на Детската клиника

0
By Нова ТВ on July 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави за МИА директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова.

– Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи  не е тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното девојчето на КАРИЛ, рече Сотирова Бухова.

Детето попладнево е примено Клиниката за детски болести, стабилно е и не е во животозагрозувачка состојба, изјави за МИА ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Клиниката за детски болести.

Таа рече дека станува збор за дете на возраст од девет години на кое кога го примиле резултатот од измерениот шеќер во крвта му бил 14.

– Ќе го ставиме на инсулинска терапија која мора да ја прима. Од Општата болница во Охрид беше препратено. Таму му бил утврден дијабетес. Сите деца со дијабетес тип 1 се препраќаат на Детската клиника за да им се одреди терапија и начин на исхрана и да се едуцираат родителите за терапијата која мора да ја прима детето, рече Крстевска Константинова и додаде дека зависно од состојбата најчесто на Клиниката остануваат една недела.

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела.

Изминатите денови на Клиниката било донесено 14-годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, кое поради сериозноста на здравствената состојба потоа е упатено на КАРИЛ,  а биле примени и деветгодишно од Гевгелија и тригодишно дете од Свети Николе кое сега е пуштено дома.

На денешната прес конференција на директорката на Државниот санитаер и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и на заменик министерот за здравство Асим Муса беше кажано дека кај матичните лекари е извршен инспекциски надзор и се очекуваат резултатите.

Девојчето е надвор од кома и се опоравува.

Муса ја лоцираше вината кај родителите, односно поради неедукацијата за откривање на вакви состојби.

Детска клиника деца дијабет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.