Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште ништо од индиската фабрика за ретровизори на Бунарџик

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 16, 2013 14:50

Индиската втомобилска компанија, „Самвардана Мадерсон Груп“ (СМР), која треба да гради фабрика за ретровизори на Бунаџик, бара уште време за размислување, иако камен темелникот беше поставен уште пред речиси две години, поточно на 30 август 2011. На тогашната церемонија присуствуваа премиерот Никола Груевски, како и претседателот на компанијата Вивек Чаанд Шангал.

Денеска, две години подоцна, инвестицијата стои во место, а од компанијата велат дека за точните факти во однос на нивните планови повеќе ќе можат да кажат во јули.

– Како што знаете, имавме значителен застој во напредокот, но конечно сме блиску до позиција кога ќе можеме да донесеме одлуки за нашите идни чекори– вели за НОВА менаџерот за глобални маркетиншки услуги на СМР, Али Лисенер, кој, покрај ова, повикува и да го контактираме повторно во јули, кога ќе може да даде „точни информации за плановите“, додавајќи дека „дотогаш тие се целосно отворени“, што единствено може да значи дека инвестицијата може да се оствари, но и не мора.

Ова се случува иако до 2011 година, Владата со компанијата претходно преговараше цели две години, период кој на Индијците им бил потребен за донесување на инвестициската одлука. Но, како што може да се види, две години подоцна донесената инвестициска одлука сѐ уште не е конечно донесена.

При поставувањето на камен темелникот беше речено дека инвестицијата ќе вреди 12 милиони евра и дека во фабриката треба да се вработат 140 лица. Груевски во таа прилика искористи да каже дека со оваа фабрика индустриската зона на Бунарџик „си ја добива својата физиономија“, а таа беше и дел од „нов бран крупни компании“ заинтересирани за инвестирање во Македонија. Исто така, во медиумите се спомнуваше дури и изградба на втора фабрика на СМР во блиска иднина.

Покрај ова, пред поставувањето на камен темелникот, Индијците добија закуп на земјиштето, а им беше доделена и значителна државна помош и за основни средства и за објектот. Така, на пример, им беше доделен грант за инвестиции во основни средства, кои не се однесуваат на градежните работи, како и посебен грант за покривање на трошоците за изградба на градежен објект.

Помош им беше одобрена и за трошоци за обука и усовршување на македонските граѓани што ќе бидат вработени во фабриката, како и редица други видови помош, кои се вообичаени за странските инвеститори како што се ослободување од плаќање данок на добивка и персонален данок на доход во период од 10 години и друго. Но, се чини дека сето ова не беше доволно работата да тргне, а како што стојат работите, и тоа веќе две години, тоа може никогаш и да не се случи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.