Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште три дена до Ману Чао Ла Вентура во Скопје

0
By Нова ТВ on September 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2013 11:06


Единаесет години по еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале кај нас, легендарниот музички револуционер Ману Чао се враќа на истата локација, Скопското лизгалиште, каде на 21 септември ќе ја има третата средба со македонската публика со која негува посебна љубов и поврзаност.

По спектакуларниот почеток на турнејата во Будимпешта со концерт пред повеќе од 10.000 посетители, и распродадените концерти во Љубљана, Загреб, Белград и Софија, конечно пред нас е и концертот во Скопје, за кој сѐ укажува дека на Скопското лизгалиште нѐ очекува уште еден музички спектакл како финале на оваа балканска турнеја.

Ова очекување дополнително го потврдува и фактот дека останати се уште мал број влезниците за концертот во Скопје, кој предизвика интерес и кај публиката од соседните земји.

Бескомпромисниот уметник, пејач и гитарист, во придружба на гитаристот Маџид Фахем, Филип Тебул на тапани и Гамбит на бас гитара, на публиката и најавува концерт кој ќе трае повеќе од два часа. Ману Чао со составот Ла Вентура, планира да ги развесели своите фанови со неверојатната и единствена мешавина на музички стилови, од рок и панк, предку ска до реге музика.

Покрај легендарните хитови „Bongo Bong“, „La Vida Tombola“, „Me Gustas Tu“, „Mala Vida“, „Clandestino“ и останатите, Ману Чао на овој концерт ќе изведе и песни кои до сега не се објавени.

Пред концертот на Ману Чао Ла Вентура, на 21 септември публиката ќе има можност да ужива и во енергичните настапи на два одлични бендови, најперспективниот македонски даб/реге/хардкор бенд „Конкоринг Лајон“ и балкан-џипси панк составот „Баилдса“. „Баилдса“ и „Конкоринг Лајон“, по овој повод подготвија и видео поздрав, најавувајќи го својот настап преку обработка на еден од хитовите на Ману Чао, песната „Mr Bobby“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.