Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Условно осуден, човек од доверба на Мицкоски, ќе биде одговорен за добро владеење?

0
By Zoran Ivanov on July 3, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 3, 2026 13:59

Димовски беше осуден во „Топлик“, заедно со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како еден од членовите на Комисијата јавни наддавања при Министерството за штета на буџетот од над еден милион евра.

Фросина Факова Серафиновиќ

Без да биде споменат со име и презиме, но со јавни податоци кои упатуваат на него,  Димитар Димовски, човек од доверба на премиерот Христијан Мицкоски, но и условно осуден за злоупотреба на службената положба, ќе биде одговорен за ресорот добро владеење.

Димовски, всушност, е условно осуден за случајот познат како „Топлик“, за продажбата на државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, а беше обвинет и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“. За овој случај обвинетите пред неколку години добиле ослободителна пресуда од Кривичниот суд.

Премиерот Мицкоски кажа дека вицепремиер за добро владеење повеќе нема да постои како ресор во Владата, туку дека ќе биде под негови ингеренции.

– Ценам дека како концепт е добар и дека можеби би бил најпродуктивен ако биде дел од мојот кабинет. Во мојот кабинет има секретар што е задолжен за следење на реализацијата на програмата на Владата и на владините политики, па оттука ценам дека би бил соодветен да биде одговорен и за добро владеење. Мислам дека еден член помалку во Владата на ниво на потпретседатели би било нешто што можеме да го претставиме пред јавноста – изјави Мицкоски во интервју на Телма.

Од она што може да се најде од јавно достапните документи и објави, станува збор за Димовски. На една објава од панел- дискусија од јануари 2026, тој бил панелист и таму е потпишан токму со оваа функција, „секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата“.

„Слободен печат“ испрати прашања до Владата дали Димовски како осудено лице за злоупотреба на службената положба е соодветен кадар да биде одговорен за добро владеење, но одговор на прашањата не добивме.

Димовски беше осуден во „Топлик“, заедно со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како еден од членовите на Комисијата јавни наддавања при Министерството за штета на буџетот од над еден милион евра.

Според обвинението, Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки, составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

За „Шпански скали“, исто така, беше обвинет Јанакиески, како и други државни службеници кои се товареа за незаконска продажба на градежно земјиште на плоштадот „Македонија“.
Димовски беше близок соработник и раководен државен службеник во Министерството за транспорт и врски за време на мандатот на ексминистерот Јанакиески, а беше и поранешен член и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа тој се поврзуваше со бизнисите на Мицкоски, а опозициската СДСМ обвинуваше дека е негов бизнис-партнер во хидроцентралите преку компанијата „Енерготек“. Името на Димовски беше актуелно во февруари оваа година, кога неговата сопруга Ефимија Димовска беше назначена за директорка на Развојната банка. Тие тврдеа дека Димовска е сопственичка на една фирма, како и дел од управувачка структура на друг субјект.

– Сега партнерите на Мицкоски добиваат директен линк за своите семејни фирми во Развојната банка. Ова е класичен конфликт на интереси. Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хидро Мицкоски и неговите партнери – обвинуваа од СДСМ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, поранешниот премиер Зоран Заев во телевизиска дебата тврдеше дека на лидерските средби се интересирал за Димовски, а поранешниот вицепремиер Артан Груби од собраниска говорница тврдеше дека Мицкоски не побарал амнестија за ниту еден од поранешните министри и функционери на ВМРО -ДПМНЕ, ниту пак за осудените за 27 април, туку барал амнестија само за неговиот бизнис-партнер Димовски.

Ресорот добро владеење е надлежен за спречување на корупцијата и на судирот на интереси, за зголемување на транспарентноста, за почитувањето на етичките кодекси и антикорупциски политики на Владата. Тој беше воведен во време на Владата на СДСМ и ДУИ, а последен вицепремиер во овој ресор беше Арбен Фетаи, кој два месеци не доаѓаше на работа, а притоа објавуваше фотографии од наводни посети на Тајланд. Два месеци откако не се појави на работа во Владата, Фетаи објави дека поднел оставка.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

Влада владеење димоивски фросина факович
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.