Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешна акција на македонската и австралиската полиција, уапсен стружанец, запленета дрога од 10 милиони австралиски долари 

0
By Соња Крамарска on October 30, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австралиската полиција на прес конференција извести за успешно спроведената заедничка акција на македонската и австралиската полиција, во која беше уапсен македонско-австралиски државјанин, во врска со недозволена трговија со наркотици.

Акцијата е спроведена од страна на Секторот при МВР за криминалистички истраги и за недозволена трговија со дрога, секторите за прикриени полициски операции и меѓународна полициска соработка, САЕ – Тигар, обвинителството, и со соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и американската ДЕА.

По едногодишна истрага, во Струга, беше лишен од слобода 27 – годишен маж од Струга, со македонско и австралиско државјанство, кој бил координатор на меѓународна организирана криминална група за договарање на зделките со дрога.

„Се претпоставува дека осомничениот водел организирана и софистицирана нарко банда која била одговорна за увезување на големи количини дрога во Австралија“, потенцираше директорот на единицата за организиран криминал на Западна Австралија, главен инспектор Џон Хачинсон на прес – конференција посветена на апсењето на осомничениот во Македонија.

Во текот на оваа меѓународна операција, во Австралија се лишени од слобода 13 лица, кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал стружанецот, при што била запленета дрога во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

Полицијата вели дека осомничениот не стапнал во Австралија за време на операцијата туку криминалот го извршувал од Северна Македонија и други места во Европа.

Против приведеното лице е поднесена кривична пријава и му е одреден притвор од 30 дена.

Австралија дрога упасен стружанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.