30-годишниот македонски граѓанин, кој заедно со уште двајца вчера влегол да се капи кај Посиди а, заедно со уште еден беа прогласени за исчезнати, бидејќи ги однела морската струја и бранови,  пронајден е по 17 часа од немилиот настан и се наоѓал во релативно добра здравствена состојба, информираат грчките медиуми повикувајќи се на извори од крајбрежната стража.

30 – годишникот бил забележан од товарен брод кој под знамето на Гибралтар пловел  југозападно од Касандра, првиот крак на Халкидики. 

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.

Прво е пронајдено во добра општа состојба 25 годишното момче, македонски граѓанин, а потрагата по уште двацата продолжи и денеска. (М.Т.)