Зоран Иванов
Одлуката на Уставен за пензиското линеарно треба да се даде на Уставен па се до Стразбур, Уставен клекна пред Власта, се понижи, топтан сите доколку некои од уставните не излезат со издвоен став, но за да не испадне дека сум не солидарен со пензионерите со ниски пензии еве го ре принтот на мојот текст од пред …, објавен и бетониран и во книгата “Амбиент 7” и во него е мојот став зад кој и сега стојам и ајде предлогот за солидарност:
Фејсбук потсетува: РЕПРИНТ – Лани на овој ден по ист повод!!
АЈДЕ ТРАЕН СОЛИДАРЕН ГРАЃАНСКИ И ДРЖАВЕН ФОНД ЗА ПОДОСТОЕН ЖИВОТ НА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ – БАТАЛЕТЕ ОВА ПРЕВАРАВА СО 2.500 ДЕНАРИ
Зоран Иванов
Ова со пензииве со 2.500 денари е чисто мафтосување, страшно, ако во владата се толку фраери ајде друг модел, ајде државен солидарен фонд за социјалците и за луѓето со мали пензии, ајде вие од клубот 78% по 20%, и ни другите надолу процентуално па се до пред најниските приходи до 0.5% од плати, хонорари, пензии се до минималците, нив оставетеги, ајде референдум на солидарност, ајде да им помогнеме на најзагрозените наши сограѓани зашто ова со 2.500 е кражба и лицемерие, ајде референдум за таков закон, македонските граѓани се хумани и солидарни, ќе успее, а о ва со пензииве со 2.500 денари е чиста превара, робин худ работа, веќе виден популизам, затоа, кажано во една реченица, ајде смело, ајде мушки како што се вели по скопски, ајде предлог закон, ајде референдум за него, ајде траен солидарен граѓански и државен фонд за подостоен живот на позагрозените, баталете ова преварава со 2.500 денари.
(За Цивил медиа / По допрен глас / 1 октомври 2024)



