Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставната комисија ги изгласа сите Предлог амандмани за измена на Уставот

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите Предлог амандмани за уставни измени  ја добија поддршката од пратениците  на Комисијата за уставни прашања.  Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не беа присутни на расправата.

Најмногу дискутираа пратениците од Алијансата на Албанците и од Беса кои бараа во делот за државјанството каде е наведено „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, да биде избришан терминот „македонско“ и да пишува само ,,државјани на Република Македонија“.

Зијадин Села рече дека со понуденото решение власта промовирала  „моноетнички македонски концепт“, а Фадил Зендели од БЕСА кажа дека интервенциите што се направиле во предложените амандмани по јавните дебати  се шминкерски.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи реплицираше дека  интервенциите се направени во согласност со Договорот од Преспа, а  етничките прашања се опфатени со Охридскиот рамковен договор, кој ќе стане составен дел на Уставот.

На комисијата учествуваше и Панчо Минов кој најави дека ќе дејствува како независен пратеник. Тој рече дека Владата прифатила дел од неговите предлози и тоа  многу ќе влијае за тоа како ќе гласа на пленарната седница кога и треба да се донесат уставните амандмани.

Собраниската седница за предлог – амандманите ќе започне на 9 јануари.

Во продолжение финалниот текст на предлог – амандманите.

АМАНДМАН XXXIII

  1. Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXIV

  1. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
  2. Со овој амандман се вршат измени во Преамбулата – Амандман 4 на Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXV

  1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
  2. Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXVI

  1. Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.
    Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.
    Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината.
    Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
  2. Со овој амандман се заменува членот 49 и амандман 2 од Уставот на Република Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.