Уставниот суд на Шпанија денеска ја отфрли резолуцијата на регионалниот парламент на Каталонија за започнување на процесот за отцепување на североисточниот регион од Шпанија.
Судот ја прогласи резолуцијата за неуставна, со образложение дека каталонскиот парламент „не може себе си да се постави како извор на правен и политички легитимитет до точка да презема авторите и да го прекрши уставниот поредок“.
Минатиот месец, Парламентот на Каталонија изгласа резолуција во која е содржан план за воспоставување република во рок од 18 месеци. Во овој шпански регион живеат 7,5 милиони луѓе и се остварува околу една петтина од вкупното производство на земјата.
Владата на десниот центар на премиерот Мариано Рахој поднесе жалба до Уставниот суд, со објаснување дека се работи за „бесмислена одлука“ којашто никогаш нема да се оствари.
Каталонските лидери најавија дека нема да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд.




