Уставниот суд на Австрија ги поништи претседателски избори и тие треба да се одржат повторно. Во образложението на одлуката се вели дека причината за поништување се неправилности во пребројувањето на гласачките ливчиња во одредени избирачки места.
Одлуката на австрискиот Уставен суд е без преседан и отвора можност за повторно гласање, најверојатно на есен.
Ван дер Белен, кој освои 50,3 отсто од гласовите требаше да стапи на должноста претседател на 8 јули.
Образложувајќи ја одлуката на судот, претседателот на Уставниот суд, Герхард Холцингер истакна дека изборите се основа на демократијата и најважна задача на Уставниот суд е таа основа да ја одржува функционална.
– Одлуката што ја донесовме никого нема да го направи победник или губитник, туку треба да послужи да се зајакне довербата во нашата правна држава и демократијата, рече Холцингер.
Оваа одлука на австрискиот Уставен суд доаѓа по жалбата поднесена од лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе, кој побара поништување на резултатите, на кој кандидатот на партијата Норберт Хофер загуби.
Доколку победи, Хофер би станал првиот крајно-десничарски лидер во една земја од ЕУ. Неговата кампања се движеше околу прашањата како што се миграцијата.
Тој самиот рече дека е спремен за референдум од типот на Брегзит доколку ЕУ се движо во погрешна насока која на Австрија не би и се допаднала.
Од друга страна, кандидатот Ванд дер Белен е про-европски настроен кој “сонува за Соединети држави на Европа“.
Австријците ги очекуваат изборите во септември или октомври.




