Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд нема да расправа за деловната способност на Иванов

1
By Нова ТВ on July 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд не ја ни разгледа иницијативата поднесена од лидерот на Народното движење на Македонија Јанко Бачев, кој пред еден месец побара да се поведе постапка за утврдување на спреченост на Претседателот да ја врши функцијата.

Генералниот секретар на Уставниот суд Оливера Филиповска, одлучила дека нема потреба да се формира предмет по Иницијативата за претседателот Иванов, без воопшто да ги консултира судиите.

Ваквата Иницијатива, НДМ ја темелат врз контрадикторните одлуки на претседателот Иванов за аболицијата, за кои самиот тој одлучил дека иако противречни, сите се во интерес на државата.

-Според Иванов во интерес на државата треба да има аболиција. Подоцна, според претседателот Иванов во интерес на државата не треба да има аболиција. При иста реалност во земјата, Иванов не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки  иста фактичка и правна ситуација. Ваквото однесување на Иванов побудува сериозно сомнение дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и слабоумноста во контекст на размислувањата на Иванов кој не може да ги сфати дејствијата што ги презема, реагира Бачев.

Тој смета дека бидејќи се работи за Претседател на држава и Врховен командант на вооружените сили на Македонија,  Уставниот суд мора да одговори на претставката.

-Првиот административец, генералниот секретар не извести дека нема да постапува по Иницијативата. Како може без потпис на претседателката и без наведена причина да не известат дека нема да постапуваат, тоа не е ни одлука, туку известување, тие мора да имаат судско вештачење. Врз основа на што одлучил судот? Дали се тие конзилиум на психијатри? прашува Бачев.

bacev
Јанко Бачев – претседател на НДМ

Во известувањето од Уставен суд до НДМ се вели дека настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката, го утврдува Уставниот суд само по службена должност.

Сепак, за прашање кое се однесува на првиот човек на државата, како што дознава НОВА, генералниот секретар на Уставен не ги известил ниту уставните судии, ниту пак имало каква било формална консултација пред да се донесе одлуката.

Филиповска во известувањето до НДМ се повикала на Деловникот за работа на Уставниот суд.

-Уставниот суд исклучиво по службена должност го покренува својот механизам на утврдување на престанокот…Согласно член 16 став 3 од Деловникот, според кој ако со иницијативата се бара меѓу другото интервенција пред други органи, Ве известуваме дека Уставниот суд во случајот не е надлежен да одлучува по вашето барање, бидејќи се работи за прашање по кое Судот сам одлучува дал ќе постапува по службена должност.

Сепак, според членот 15 од  Деловникот, секретарот како прв филтер во Уставниот суд должен е да го извести подносителот на недостатоците и да определи рок за нивното отстранување, меѓутоа НДМ не добиле никакво дополнително образложение.

Во услови кога одлуките на Иванов беа повод за продлабочување на кризата, ја прашавме Филиповска зошто издала известување за отфрлање на Иницијативата без претходно да се консултираат судиите за ваква важна тема од јавен интерес.

-Тоа се работи меѓу Судот и странката, подносителот за кои не можам да дискутирам. Не сте вие учесник во процесот, рече Филиповска за НОВА.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, иако може гереналниот секретар да донесе ваква одлука сепак,  поради интересот на јавноста, требало да се известат сите судии во Уставен.

-Со поднесување на Иницијатива не значи дека може да се отвори постапка, бидејќи нема елементи дали Иванов одлуките ги донел здраворазумно или под притисок. Сепак, за таква сериозна Иницијатива, сметам дека судиите требало да бидат известени, вели Ивановски за НОВА.

trendafil98
Трендафил Ивановски – поранешен претседател на Уставен суд

Во рок од два месеца, претседателот Иванов одлучи дека во интерес на државата е да донесе колективна аболиција на 56 лица, делумно да ја поништи за 22 лица, а потоа и целосно да ја укине.

По ваквата одлука следуваше и предлог за импичмент на Иванов во Собранието, поднесен од пратеничката група на СДСМ, но Собранието одлучи дека првиот човек на државата со ваквите одлуки не ги пречекорил своите овластувања.

 

 

Иванов Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.