НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните измени се последна шанса за членство во ЕУ со подеднакви привилегии и обврски како останатите 27 земји

0
By Соња Крамарска on March 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран БОЈАРОВСКИ

 

Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со одлагање на евроинтеграцијата ќе влеземе во нова неизвесност заради тоа што ќе го испуштиме актуелниот момент кога заради војната во Украина и ризиците што доаѓаат од Русија, Европската Унија гледа на проширувањето како на инструмент за долгорочна европска безбедност – е централната поента на соговорниците на Рацин.мк во анализата која го разгледува процесот на донесувањето на уставните измени и временската рамка во која што треба да се реализира.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека првиот сериозен и значаен чекор е веќе направен: Консолидирано е владејачкото мнозинство во Собранието.

„Иако во бројки не изгледа суштински многу повеќе, од аспект на убедување за европскиот пат е сериозно консолидирано и со комплетирањето на реконструкцијата на Владата со новите министри и заменици, веќе може да се продолжи со важните чекори за процесот на евроинтеграцијата“, вели Османи.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека беше многу важно сите политички субјекти кои што го поддржуваат европскиот пат искрено да застанат на една страна.

„Тоа не е европски фронт против никого, тоа е европски фронт за обезбедување на нашата европска иднина. Владината коалиција има агенда, има кауза и работи на нивно спроведување“, напиша Маричиќ на социјалните мрежи кога во Собранието помина новото владејачко мнозинство.

Маричиќ најави дека е време да започне процесот на поинтензивни консултации и дека како Влада се подготвени да му биде понудено ВМРО-ДПМНЕ да учествува во драфтирањето на амандманите за уставните измени.

Нашите соговорници информираат дека ако може да се зборува за некакви рокови целиот процес треба да заврши во  ноември, декември, односно до крајот на оваа година. Ако искуството покажало дека спроведувањето на уставните амандмани во просек одзема три до шест месеци, во зависност од тоа каква динамика ќе се наметне, тоа значи дека некаде пред летото треба да влезат во Собранието, проследено со широка јавна расправа за амандманите.

„Предвидени се многу јавни дебати откако Владата ќе го предложи драфтот амандмани. Очекуваме мислења на експертската, на политичката јавност, вклучување на граѓанскиот сектор во таа дебата за формулациите на амандманите, иако се работи само за формални измени со коишто само после зборот „итн“, „и така натаму“ во преамбулата на Уставот ќе се додадат „црногорска заедница“, „хрватска заедница“, „бугарска заедница“, „еврејска заедница“ ако има таква и други барања. Овие измени во суштинска смисла не загрозуваат ничие право, ничиј интерес и само уште повеќе ја збогатуваат сликата на нашата држава како мултиетничка заедница“, вели за Рацин.мк министерот Бујар Османи.

Маричиќ во интервју за Радио Спектар на Радио Скопје рече дека на уставните измени треба да се гледа како заштита и зајакнување на македонскиот идентитет наспроти Бугарија.

„Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите“, смета тој.

Тој потенцира дека граѓаните имаат право слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме седум други заедници во нашиот Устав, зошто истата шанса да ја немаат и Бугарите.

„На тој начин никој нема да може да каже дека ние сме Бугари“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот смета дека треба да се навлезе во суштината на уставните измени и дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да се разговара и низ содржинска расправа да кажат зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.

„Како тоа нам на Македонците ни е проблем и како тоа може да не загрози? Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во Преамбулата и во додавањето на Бугарите во оној Комитет за односи меѓу заедниците во Собранието, каде што ги има сите заедници. Тие се двете места во Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име“, објаснува тој.

Маричиќ верува дека доколку се започне таква дискусија, ќе се дојде до разумни аргументи дека е навистина трагично да се блокира сопствената држава на патот кон Европската Унија заради прашањето на уставни измени.

Процесот на донесување на уставните измени треба да заврши во ноември затоа што тогаш завршува и скринингот по што треба да се отвори првото поглавје. Скринингот е важен дел од преговорите, но следна фаза е отворањето на првиот кластер по што по автоматизам се организира втората меѓувладина конференција за завршување на отворачката фаза на преговорите.

Соговорниците на Рацин.мк на оваа тема велат дека овој процес нема алтернатива и дека ако се одложи ќе изгубиме неколку дополнителни месеци, па и неколку години можеби, но бајпасирање на тој процес нема. Независно кој е на власт, независно која политичка констелација е во прашање, оваа држава, ова општество за да продолжи на патот на преговорите треба да има уставни измени, велат во анализата претставниците на власта и дел од експертската јавност.

„Северна Македонија не може да го издржи долго товарот на прекинати преговори затоа што никој во регионот не може да најде алтернатива на ЕУ. Сѐ е пробано. Сите форми на соработки, на реформи се испробани и не може да се гарантира стандард на живеење, на демократија, за задржување на младите, без Европска Унија“, потенцира министерот Османи.

Шефот на македонската дипломатија предупредува дека блокирани преговори ќе бидат неиздржлива позиција за било која политичка гарнитура.

„Еве да зборуваме дури и хипотетички за пет или шест години за една друга влада. Тоа значи дека овој процес мора да се заврши. Станува збор за тоа дали ќе се заврши без изгубено време за да се фати овој моментум кога ЕУ веќе почнува проширувањето да го гледа како инструмент за безбедност заради војната во Украина и ние тој моментум ќе го искористиме, или ќе изгубиме уште една таква можност и веројатно после некое време, после изгубени години, прашањата ќе станат уште потешки. Генерации ќе се изгубат, уште за неколку проценти ќе се намали населението во државата, а веројатно ќе има и нова реалност во Европската Унија и не се знае која ќе биде политичката понуда што ќе ни биде дадена тогаш. Ова може да ни е една од последните шанси за да влеземе во ЕУ како еднакви со останатите 27 земји членки, а не во некаква унија „во брзини“, во која што ние би биле некоја „втора“ или „трета“ брзина, бидејќи како што теоретирачите предвидуваат дека во иднина тоа може да се случи“, брифира за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одлагањето на уставните измени ја става Македонија во ризик и во други комбинаторики. Во таа насока беше и иницијативата 2030 година да биде година за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Да, ние сметаме дека 2030 може да биде година до кога би можеле да станеме членка на ЕУ како што е сега и под овие услови за сите земји членки. Секое одложување после таа година станува ризик и можеме да влеземе во други комбинаторики“, предупредува Османи.

Извршниот директор на Институтот Преспа Андреја Стојковски, вели дека доколку Северна Македонија не го направи сама следниот чекор кон ЕУ со уставните измени, сосема извесно е дека Албанија ќе се издвои затоа што секое одлагање на напредокот на оваа земја заради неодлучноста на Северна Македонија ќе се смета за неодржливо.

„Ниту една од државите членки нема да се воздржи, да се замисли или да одлучи да не ја поддржи и Албанија затоа што овде кај нас доцниме со ‘домашната задача’. Уставните измени се незначителни, ќе бидат само потврда на она за кое што долго време зборуваме, дека Македонците и Бугарите се во суштина два различни народи или, ако така сакате, етнички групи“, истакнува извршниот директор на Институтот Преспа Андреја Стојковски.

Извор: Рацин.мк

анализа Андреја Стојковски Бојан Маричиќ Бујар Османи уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.