НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните измени топ тема, Европа во убедувачка мисија, ќе попушти ли Мицкоски?

0
By Соња Крамарска on March 29, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени полека го зазедоа местото на врвот на агендата во нашата земја, но се и дел од надворешно политичките агенди на водечките европски земји и САД кои зачестија со своите убедувачки мисии и посети на Македонија.

Премиерот Ковачевски денес порача дека уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави тој одговарајќи на новинарско прашање при посетата на тетовската фирма „Везе Шари“.

„Јас верувам дека нашата држава има капацитет, пред се, демократски, меѓутоа и европски капацитет и визија и оваа одлука за продолжување на нашиот европски пат нема да биде заложник на личната кариера на само еден човек во државата, а којшто е подготвен заради својата лична фотелја да ризикува прекинување на еден процес којшто значи обезбедување на полноправно членство во ЕУ кое со себе носи зголемени инвестии, плати, повисок животен стандард за граѓаните, врвни институции, врвно европско законодавство, тука во нашата држава бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука во својата држава а не во туѓина“, рече Ковачевски.

Премиерот не одговори кога ќе биде формирана комисијата која ќе работи на уставни измени. Само повтори дека тимот за подготвка на уставните амандмани ќе биде формиран во Министерството за правда, како и дека во него ќе членуваат врвни експерти од областа уставното право и правото и претставници на политичките партии бидејќи, како што кажа, за овој процес е потребен широк политички и општествен консензус.

Претседателот Стево Пендаровски, денес на заедничката прес-конференција со австрискиот колега кој денес е во посета на Македонија, Александер Ван дер Белен, порача дека државата нема да пропадне ако малубројната бугарска етничка заеница влезе во Уставот.

„Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот кои на број се нешто над 3 илјади луѓе. Македонската сувереност нема да се загрози, ниту пак европскиот пат ако се направи овој чекор“; рече Пендаровски со порака дека за да се достигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е потребно да се разговара со опозицијата.

Не престануваат ни апелите од меѓународната заедница Македонија да ја отстрани пречката за продолжување на евроинтеграцискиот процес. Претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен рече дека Македонија направила тежок но вистински избори и е на прав пат.

„Во рамките на скрининг процесот, добивме многу позитивни повратни информации за вашиот учинок и сакаме Северна Македонија да ја охрабриме да биде и понатаму концентрирана и посветена. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и после тоа по план да тече процесот за прием во ЕУ“, порача тој. 

Посочувајќи го Охридскиот рамковен договор како пример во регионот австрискиот претседател ја истакна потребата да се гледа напред и кон заедничка европска иднина. „Знаеме дека ова е тежок пат за вас, дека фрустрацијата околу времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме не ја губете целта од вид“, рече Ван дер Белен.

Опозицијата, од друга страна продолжува да искажува јасно противење на уставните промени. Последната изјава дојде од градоначалникот на скопската општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

„Уставни измени под вакви услови во мандатот на ова собрание нема да се случат и граѓаните кои со огромна бројка го поддржуваат таквиот став, воопшто нема потреба да се грижат. Во моментот нема услови за такво нешто пред се заради односот на Бугарија кон Македонија“, рече тој во интервју на телевизијата АЛСАТ М.

Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одговорот на партија е јасен и дециден, и во таков процес нема да учествуваат. Како причина го наведува нивното нудење соработка минатото лето кога се разгледуваше францускиот, што како што рече било игнорирано од Владата.

Во меѓувреме Владата ја отфрли идејата измените на Уставот да се прошират и во некои други одредби за кои завчера зборуваше новиот министер за правда од Алијанса за Албанците, Кренар Лога. Тој во брифинг за новинарите рече дека освен вметнувањето на Бугарите и останатите делови од народи во уставот, во измените треба да биде и формулацијата за 20 % за албанскиот јазик, министерот за правда да не учествува во работата на Судскиот совет, распуштено Собрание да може да се состане во пандемија и да се прецизира уставна одредба за во иднина да не се создава правен вакуум при смена и избор на нов министер.

На идејата се спротивстави министерот за надворешни работи Бујар Османи кој порача дека сега не е време да се отвараат други прашања и дека уставните измени треба да се фокусираат само на продолжувањето на европскиот пат.

И вицепремиерот Маричиќ изјави дека нема никаков договор ниту е разговарано за каква било друга интервенција во Уставот, освен за впишување на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите етнички заедници кои тоа го бараат. „Фокусот мора биде ставен на уставните измени кои произлегуваат од преговарачката рамка со ЕУ. Некои прашања може да се решат и со идни процеси на уставни промени“, рече тој.

Уставни измени од друг тип бара и партијата Алтернатива. Според нив при отворањето на Уставот освен во делот со Бугарите акцент треба да се стави и на внесувањето клаузула која ќе спречи да не застаруваат делата за корупција и злоупотреба на службена должност.

Гостинот од Австрија, претседателот Александер ван дер Белен, пред денешното обраќање во парламентот, каде се очекува да ја нагласи потребата од уставната измена за внесување на Бугарите во Преамбулата, рече дека тој чин „не треба да се драматизира.

„Во парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат што стои долгорочно. Заштитата на малцинствата во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, рече претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

Во иста насока беше и изјавата на германската шефица на дипломатијата Аналена Бербок која им порача на македонските граѓани дека уставните измени мора што поскоро да се спроведат за да не се случи земјата да падне на оваа клучна пречка. Таа имаше средба и со раководството на ВМРО-ДПМНЕ по која опозициската партија кратко соопшти дека „уставните измени нема да се случат под бугарски диктат“.

За уставните измени се потребни 80 гласа во Парламентот кои владиното мнозинство ги нема без да се вклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

С.К.

 

 

 

Александар ван дер Белен Димитар Ковачевски Мицкоски Тимчо Муцунски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.