Три турски пратенички се хоспитализирани синоќа, како резултат на меѓусебната тепачка во турскиот парламент.
Како што информираат турските медиуми, тепачката почнала откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врзала со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на турскиот претседател Ердоган.
https://www.youtube.com/watch?v=jEsKtZX7i3U
Во тепачката се вмешале повеќе пратенички и пратеници од различни парламентарни групи.
Во мешаницата повеќето пратеници биле полесно повредени, а три пратенички биле хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите.