Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставот и со Брајова азбука

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 7, 2018 13:19

Специјално издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука денеска беше промовиран во Скопје како заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“.

– Една од идеите и реформите што ја најавивме во МОН беше дека сакаме да го јакнеме граѓанското образование, што значи познавање на своите права во рамки на училиштата и правење на достапност на познавањето на овие права до сите. Особено среќна ме прави овој чин, како професор по уставно право, затоа што со овој чин им се дава можност и на оние студенти кои се со оштететен вид полесно да ги совладуваат наставните птограми кои што постојат, рече министерката за образование, Рената Дескоска на промоцијата.

Директорот на ЈП Службен весник на РМ, Мартин Костовски изјави дека како претпријатие својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Македонија, во сферата на легислативата, настојува да ја исполни со висок степен на совесност, а секоја информација мора да биде автентична, точна и лесно достапна за сите.

– Тоа беше и повод да почнеме еден ваков проект, но искрено се надевам дека како општествено одговорна институција ќе имаме и мотив и доволно идеи да продолжиме со слични примери, истакна Костовски.

За директорот на Средното училиште, Горанчо Јакимов, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, за еднаква пристапност кон сето она што не им е достапно на лицата со оштетен вид.

На промоцијата на ова издание на Уставот на РМ присуствуваа и претседателот на „Сојузот на слепи во РМ“, Жарко Селковски, како и претставници од институтот за дефектологија на УКИМ, од Одделението за слепи при НУ „Св. Климент Охридски“ и како донатори на специјалните табаци за Брајовата азбука од Универзитетот за Југоисточна Европа кои се и имплементатори на проектот на УСАИД за децата со пречки во видот.

Устав на РМ со Брајова азбука е издаден во 50 примероци и ќе го добијат повеќе институции меѓу кои Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, средните училишта каде има правна насока, Законодавно-правната комисија и Парламентарниот институт при македонското Собрание.

Брајова азбука Промоција Устав на РМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.