Европската Унија (ЕУ) го усвои четвртиот пакет на санкции против Русија поради нејзината инвазија, соопшти на Твитер канцеларијата на Франција која претседава со ЕУ.
Четвртиот пакет на санкции против Русија е насочен кон повеќе од 600 руски државјани. Францускиот министер за надворешни работи, Бруно ле Мер го нарече пакетот на мерки „историска одлука“.
Министрите на 27 земји членки на ЕУ велат дека се работи за „најсилни санкции што некогаш го усвоила Европската Унија“. Имињата на руските државјани и правни лица кои ги погодуваат новите санкции не се откриени.
„Ќе има забрана за извоз на луксузна стока и ќе го одземеме статусот на Русија на „најпривилегирана земја во Светската трговска организација“ , што ѝ овозможува на секоја од 27 земји членки на ЕУ да ги зголемат тарифите за руските производи“, рече министерот Ле Мер.
Санкциите на ЕУ се проширени и ги опфаќаат „клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го шират наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина , како и клучни авио, воени и наменски компании, секторот на бродоградилиште и машинство“, се наведува во соопштението на Европскиот совет.




