Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоен ребалансот на буџетот, ВМРО ДПМНЕ ја напушти салата

0
By Нова ТВ on August 6, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото Плусинфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието доцна попладнево со 61 глас „за“ и 2 „против“го изгласа Ребалансот на буџетот. На гласањето не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест, на како што рекоа, кратењето на капиталните инвестиции, и неприфаќањето од власта на ниту еден од нивните амандмани. Тие пред напуштањето на салата ги поставија транспаренти пред собраниската говорница.

На гласањето му претходеа 10 дена комисиска и пет дена пленарна расправа, на која владејачкото мнозинство и опозициските пратеници жестоко ги претставија своите аргументи.

ВМРО-ДПМНЕ најмногу критикуваше за кратењето на капиталните инвестиции, поради што, тврдат тие, овој буџет е неразвоен, нереформски, и нема да

донесе подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Опозицијата тврдеше дека се крателе и срeдства кај образованието, здравството, туризмот, слободните зони, градежништвото, научната дејност.

Пратеникот Илија Димовски обвини дека тие нема да гласаат за буџетот бидејќи владејачкот мнозинство не покажало демократија и инклузивност, со одбивање на сите поднесени амандмани.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски пак, ребалансот претставува прв чекор кон градење на подобро општество бидејќи тој предвидува ограничувања и кратења поради зголемениот јавен долг.

Според него, ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиони денари, но и други расходи за 257 милиони денари.

Тој тврди дека со ребалансот, тие ќе бидат на највисоко ниво досега. На пратениците им се заблагодари за достоинствената дебата, без навреди и омаловажувања.

Со ребалансот се скратени околу 47 милиони евра, според власта, непродуктивни трошења, за лускузирање и комодитет на претходните функционери.

Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетски дефицит на 18,57 милијарди денари, додека вкупните приходи се ревидирани за 2,87 милијарди денари и капиталните расходи се ревидирани на 23, 4 милијарди денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.