Под посебни мерки на внимателност, Британците утре излегуваат на гласачките места на предвремени парламентарни избори, само пет дена по терористичкиот напад во Лондон.

Според анкетите, разликата меѓу конзервативците на Тереза Меј и лабуристите на Џереми Корбин изминатите недели се намалува.

Во текот на 50 дена кампања главни теми беа економијата, здравството и емиграцијата. По двата терористички напади на две недели пред изборите, безбедноста е во прв план.

Во време на распишување на изборите, конзервативците на Меј беа во водство со над 20 отсто, поради што многумина предвидуваа убедлива победа како онаа на Маргарет Тачер во 1979 година. Сега пред изборите, прашање е дали ќе успее да ја достигне и победата на Дејвид Камерон. Според различни испитувања на јавното мислење, таа разлика се движи од 12 до само 1 отсто пред лабуристите.

Оној што же обезбеди мнозинство ќе ја води Британија во слендите 5 години, а преговорите за Брегзит започнуваат 11 дена по изборите.

Аналитичарите сметаат дека Меј веројатно ќе остане премиер, но без некоја убедлива разлика во Парламентот и дека преговорите за Брегзит нема да може да ги води без проблеми.

Сепак, резултатите од анкетите во Бриртанија се земаат со резерва, по промашувањето за референдумот за Брегзит, но и во врска со резултатите од изборите во 2015.