Во Шпанија утре се одржуваат парламентарни избори, најнеизвесните во историјата на земјата.
Анкетите покажуваат дека ниту една од партиите, вклучувајќи ја и владејачката конзервативна Народна партија на премиерот Мариано Рахој, нема да освои апсолутно мнозинство.
Клучна тема на изборите е невработеноста. Земјата пред две години излезе од рецесија , но невработеноста е натаму е 21 отсто.
Според податоците, од почетокот на годинава од змејата се отселиле 50.000 млади и високообразувани луѓе.
Последните истражувања пред гласањето укажуваат дека Шпанците ќе се изјаснат за промени и дека во Парламентот, покрај конзерватовната Народна странка и Социјалистите ќе влезат и левичарите од Подемос и десничарите од Граѓани, двете нови партии кои ветуваа реформи.
Аналитичарите сметаат дека ова е крај на ерата на двопартискиот систем кој на шанската политичка сцена доминира од крајот на диктатурата на Франко, пред 4 децении.




