Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре излегува првиот број на “Независен”, нов дневен печатен медиум

0
By Нова ТВ on November 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот медиумски простор од утре ќе биде збогатен со уште еден дневен печатен медиум. Независен Весник, со динамика на дневен весник, од понеделник, 27 ноември, ќе почне да се дистрибуира во Скопје и низ повеќе градови во Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.

“Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!”, изјави Слободанка Јовановска, главен уредник на Независен весник.

Независен е бесплатен дневен весник, а за почеток граѓаните ќе можат да го добијат својот дневен примерок на повеќе главни крстосници и фреквентни места во државата. Според најавите, за кусо време весникот ќе треба да се наоѓа и во трговската мрежа, во малопродажните објекти, трафики, хотели, ресторани, во кафулиња и насекаде каде што за тоа ќе има интерес.

“На македонските читатели ќе се обидеме да им донесеме поинаква перспектива и друг агол на гледање на домашните и на настаните од светот. Тоа значи дека ќе има актуелни теми, новинарски разработени од различни аспекти, спротивставени ставови, длабински анализи, мислења, од песпективи за кои што сметаме дека треба да добијат на гласност. Независен ќе биде збогатен со лични ставови и колумни на етаблирани, но и на свежи лица на домашната општествена сцена. Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!”, изјави Јовановска.

Концептот на весникот е да разработува вести и теми од политиката, економијата, културата, социјалата, спортот, шоу бизнисот, сето она што е предизвик за јавноста. Редакцијата на Независен весник е комбинација од долгогодишни искусни и млади новинари.

Независен ќе излегува пет денови во неделата, од понеделник до четврок на 16 страници, а петочниот број ќе биде на 24 страници, со тоа што во сите изданија ќе има по три страници на англиски јазик.

 

Независен весник Слободанка Јовановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.