Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре ќе се гласа за недоверба на Владата

2
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за доверба на Владата, побарана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери за четврток,апк, ги одложи продолженијата на три седници, што беа планирани за денеска, а на кои како останати точки од дневниот ред се реформските закони.

-Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам, стои во дел од образложението на опозициската партија во барањето за покренување на прашањето за доверба на Владата, потпишано од 41 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот објавен на официјалната веб страница на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и ДУИ за да ја одржат коалицијата ја погазиле демократијата во државата, Уставот, законите и собранискиот Деловник. Дека на сила го изгласале Законот за јазиците, не спровеле ниту една реформа од планот 3-6-9, кој според опозициската партија, доживеал целосен колапс.

Според собранискиот Деловник, гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.

За евентуално изгласување недоверба потребно е апсолутно мнозинство, односно 61 глас од вкупниот број на пратеници.

Гласањето доверба ќе биде прв посериозен тест за Владата и за премиерот Зоран Заев по десет месеци минати на власт. Интерпелацијата доаѓа во момент кога се привршуваат последните подготовки за првата реконструкција на кабинетот и се водат преговори со неколку партии за окрупнување на парламентарното мнозинство.

Опозициската партија не учествува во работата на Собранието по притворањето на шестмина нивни пратеници и други граѓани за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Со одлука на Врховниот суд, од притвор беа пуштени пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои сега се во домашен притвор. Во домашен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов. Другите пратеници можат да се вратат во работата на Собранието – за Жаклина Пешевска, обвинителството ја прекина постапката, а на Јохан Трчуловски и Љупчо Димовски им се одредени мерки на претпазливост. Со ова, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, делумно е исполнет првиот услов за враќање на нивната пратеничка група во Собранието.

Во известувањето од Собранието стои дека 22-та, 34-та и 35-та седница наместо денеска ќе продолжат во четврток на 12 април во 11:00 часот.

 

гласање недоверба на Влада Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.