Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре почнува претседателската кампања – Седум кандидати во трка за вила „Водно“

0
By Marija Todorovska on April 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2024 12:44

Утре официјално почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, кога ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори.

Кандидатите за шеф на државата ја започнуваат кампањата за која имаат за цел да стигнат до вила „Водно“ од каде се очекува во следните 5 години да ја извршуваат функцијата „татко“ или „мајка“ на нацијата.

Сите кандидати и партиите од кои доаѓаат веќе ги запалија моторите во максимално мобилизирање на гласачите за победа на изборите.

На овие избори ќе учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а потоа Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Пендаровски и Давкова по втор пат ќе ги одмерат силите

Како и пред пет години на изборите во 2019 година и сега на „мегдан“ силите ќе ги одмерат Пендаровски и Слијановска. На тие избори  Пендаровски со слоганот „Заедно напред“, кој беше консесуален кандидат на ДУИ и СДСМ, издвои победа над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој настапи со слоганот „Македонија повторно горда“. На тие избори Пендаровски имаше 434.096 (51,69) гласови, додека Силјановска-Давкова имаше 375.434 (44,70%).

Стево Пендаровски / Гордана Давкова Силјановска

Прв кој оддржа конвенција за овие избори е актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој на партиските симпатизерите им порача дека Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети – евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Тој рече дека дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните.

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателска кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денот кога се избра да биде кандидат за шеф на државата кажа дека како претседателка ќе состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за  да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме.

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на општина Куманово и кандидат за претседател од редовите на „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ на официјализирање на претседателската кандидатура на истакна дека доколку биде избран за шеф на државата, ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

А кандидатката од партијата „Левица“ Билјана Ванковска во едно нејзино телевизиско интервју кажа дека Европа се милитаризира и наместо повеќе за социјала или како викаат за леб и путер даваат за оружје. Кандидатката од редовите на Левица, смета дека ЕУ нас нè третира како инфатилни, како и дека тоа одамна не е место на благосостојба.

Ова ќе биде втор обид на Ванковска да влезе во претседателската трка. Првиот беше пред 10 години кога најави независна кандидатура, но не успеа да го собере потребниот број на потписи.

Единствениот кандидат за претседател на државата кој ќе трча за вила „Водно“ а е во „американската црната листа“ е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Американскиот стејт департмент вели дека „како градоначалник на Карпош бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

Стевчо Јакимовски / ГРОМ

Јакимовски на ова одговори дека е изненаден од одлуката на САД и најави дека нема да се откаже од изборната трка. Според него, ова може да се сфати како акт на насилство и како директно мешање во изборниот процес, што, како што рече, е казниво и кривично дело.

Таравари и Османи се за избор на претседател во Собранието

Европскиот фронт и коалицијата „ВЛЕН“ се двата албански политички блока во земјава кои ќе се натпреваруваат на претседателските и парламентарните избори.

И двајцата кандидати се дека изборот на претседател треба да се направи во Собранието.

Првично, опозициските партии се одлучија за формирање на коалиција од четири политички партии, наречена „ВЛЕН“, составена од Движењето Беса, Демократското движење, Алијансата за Албанците на претседателскиот кандидат Арбен Таравари и партијата Алтернатива.

„Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна, прво, имаме намера за првпат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори, а второ сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем“, посочи во едно од своите излагања претседателскиот кандидат Тарвари.

По Албанската опозициската коалиција, другата коалиција формирана од Демократската унија за интеграција е онаа на „Европски фронт“. Иако првично се планираше широка коалиција со „социјалдемократите“на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, ДУИ сепак одлучи коалицијата „Европски фронт“ да вклучи помали албански партии и други етнички заедници.

Бујар Османи ( ДУИ) – Арбен Таравари ( ВЛЕН)

Како одговор на албанската опозиција, ДУИ го предложи актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за кандидат за претседател.

Османи како претседателски кандидат на лидерите на Европскиот фронт им ја врачи предизборната програма наречена „Декалог на европскиот претседател“.

Тој на таа средба посочи дека уставните измени ќе бидат услов за идни коалицирања, дека тоа е еден од столбовите за преговарање со политичките партии.

Доколку ја добие довербата од граѓаните за извршување на функцијата претседател на државата, Османи рече дека ќе иницира изборот на претседателот на државата да биде во законодавниот дом, бидејќи според него, тоа ќе ја деполаризира политичката сцена. Вели на тој начин претседателот ќе биде плод на консензус на политичките партии во македонскиот и албанскиот блок, како и деполаризатор кој ќе обезбеди државата да не биде во перманентни политички кризи.

Изборот на претседател со консензус во законодавниот дом, додава Османи, не е етничко прашање.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

изборна кампања изброи 2024 претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

ВЕСТИ May 28, 2026

Реформската агенда е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски, одговорија од…

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.