Пресудата за обвинетиот Јордан Ристевски од случајот за шамарите во Центар, кој денеска призна вина, ќе биде изречена утре.
Ристевски откако ја призна вината пред судијата и обвинителите од СЈО, одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат, откако неговиот застапник претходно Боро Тасевски го откажа полномоштвото бидејќи и самиот беше изненаден од признанието на вина на неговиот клиент.
„По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење“, рече Ристевски во судницата.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Според Фатиме Фетаи, бидејќи Ристевски прво рекол дека не е виновен, па се предомислил, постапил слично како и Томислав Лазаров кој прв призна вина. Но како што потенцираше таа, на врвот по одговорност е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Олеснителни околности за Ристевски се што претходно не е осудуван, а се покаја и за направеното дело.