За да се спречи понатамошно излевањет на нафта во охридското езеро, бродот „Мис Стоун“ утре ќе се вади од езерото.

Покрај претставниците на локалната самоуправа, на терен излезе и надлежниот државен инспектор за животна средина од Охрид и капетанот на Капетанијата, информираат од општина Охрид.

На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива инспекторот за животна средина презеде законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.

Денеска во каналот Студенчишта, кој се влева во Охридското Езеро, потона бродот „Мис Стон“.

Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.

Според рибарите, кои и покрај излеаната нафта рибареа, вчера сè било во ред и, како што велат, најверојатно, инцидентот се случил во текот на ноќта бидејќи кога дошле во 6 часот утрово нафтата веќе била излеана.

Бродот „Мис Стон” во каналот е вкотвен со години. За него долго време никој не се грижеше. Најверојатно поради дотрајаност на пловилото водата навлезе во него и тоа се наведна на една страна и натаму полека тоне.