Канцеларката на Германија, Ангела Меркел и претседателот на Франција, Франсоа Оланд за утре закажаа вонреден самит по повод резултатите од референдумот во Грција.
>> Грчки референдум: Гласачите ја отфрлиja понудата за финансиска помош
Грчкото МВР синоќа соопшти дека на референдумот гласале 61.32 % од Грците со право на глас, а врз основа на 71.86 % преброени гласови, ПРОТИВ гласале 61.53 % од граѓаните, додека ЗА се изјасниле 38.47 % од гласачите.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа по референдумот телефонски разговарал со Оланд, но во јавноста нема детали за тој разговор.
– Грчкиот народ денеска одговори на вистинското прашање. Грција од утре ќе се врати на преговарачка маса, но овој пат со прашање за реконструкција на долгот. Нема лесни решенија, туку фер и остварливи решенија, доколку ги сакаат двете страни, изјави по референдумот Ципрас.




