На Попова Шапка, утрово во 7 часот, има највисока снежна покривка од 44 сантиметри. Со пет степени под нула, пак, најстудено е во Берово и во Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Маврови Анови има 21 см. снег, девет во Крушево, шест во Ѓуриште, пет сантиметри во Крива Паланка и во Пожаране, четири во Тетово, три сантиметри снег се измерени во Скопје – Петровец, два сантиметра на мерната станица Скопје – Зајчев Рид и еден сантиметар снежна покривка има во Виница и Куманово.
Покрај Струмица и Берово, каде што се измерени -5, минусни температури утрово има и во Скопје-Петровец и во Гевгелија (-4), три степени под нула во Демир Капија, -2 во Скопје – Зајчев Рид, Битола и Штип и -1 степен во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово и Крушево. Во Дојран се измерени 0 степени, два во Охрид и три степени во Претор.