Со двајца убиени, неколумина повредени полицајци и седуммина уапсени заврши антитерористичката акција на француската полицаја во предградието на Париз, Сен дени, што започна рано пред зори.
Меѓу загинатите е и една жена која се саморазнесла во станот, каде полицијата се соменавал дека се крие терористичка ќелија поврзана со нападите од петокот, во кои загинаа 132 лица, а над 300 се повредени.
Цел на акцијата бил мозкот на терористичките напади Абделхамид Абуд, кој според досегашните информации не е пронајден. Француските антитеростички сили се во потрага и по деветтиот член на групата, која ги организирала нападите, Фабиен Клен, инаку стар член на исламистичка мрежа во Тулуз, чиј глас е идентификуван на аудио – снимката со која Исламската држава ја презема одогоорноста за нападите во Париз.
Исто така, продолжува потрагата и по Салах Абделслам, за кого се сомнева дека бил еден од напаѓачите.
Меѓу уапсените е и сопственикот на станот што го изнајмиле двајца белгиски државјани и негова пријателка.
Според портпаролот на полицијата, во акцијата во која била вклучена и војската, повредени се тројца полицајци.
Од 4.30 часот утрината, до пладне, предградието Сан Дени, во близина ан Стадионот, каде во петокот се случи еден од терористичките напади, било под полициска блокада, а повремено се слушале рафали и детонации, додека на жителите им било наредено да останат во своите домови.
Во меѓувреме, Франција донесе одлука да ја прошири вонредната состојба и на своите прекуморски територии, Гвајана, Гвадалупе, Мартиник и Мајоте, како и на карипските острови Сен Бертелеми и Сен Мартен и островот Реунион во Индискиот океан. Портпаролот на Француската Влада изјави дека претседателот Франсоа Оланд на седницата претставил нацрт закони за продолжување на вонредбната состојба во земјата.
Оланд, денеска, говорејќи пред Здружението на градоначалници, најави широка коалиција против Исламската држава, со учество на Вапингтон и Москва, за што следната недела ќе разговара со претседателите Обама и Путин.
Паралелно истрага се води и во Белгија, каде во саботата во бриселскиот кварт Моленбек се уапсени двајца соучесници во париските напади, Мухамед Амриј и Хамзи Ату, кои белгиското обвинителство ги обвини за тероризам.




