Случајот наречен „Тенковски делови“ во кој меѓу обвинетите се најдоа и тогашниот министер за одбрана Владо Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, според “Утрински” треба да се врати на почеток, одлучил Врховниот суд. Доколку тоа се случи, скопскиот кривичен суд ќе треба по трет пат да започне судење за случајот со резервните тенковски делови, и покрај тоа што овој предмет се решава цели девет години.
Врховниот суд го прифатил барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот наречен „Тенковски делови“ и по извршената ревизија ги укинал претходно донесените пресуди. Според сознанија на „Утрински весник“, највисокиот суд ги укинал пресудите на Основниот суд Скопје 1 изречена на 1 јули 2013 и на скопскиот Апелациски суд од 30 јуни 2104 година и наложил судската постапка да се врати од почеток.
За Утрински вчера од Врховниот суд потврдиле дека одлука е донесена и дека таа ќе биде соопштена оној момент кога ќе биде потпишана од сите судии.
Текстот на “Утрински” прочитајте го тука.