НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Узбекистанецот од Флорида го извршил нападот за Исламската држава

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осуммина загинати и 11 повредени е билансот од вчерашниот терористички напад во срцето на Љујорк сити, Менхетен. 29 годишниот Сафуло Хабибулаевич Саипов од Флорида, по потекло од Узбекистан е терористот, кој со камионет ги прегази на велосипедска патека.

Висок полициски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека во камионетот била пронајдена порака, напишана на англиски јазик во која се наведува дека нападот е извршен во името на „Исламска држава“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио го оквалификува нападот како „подмолен терористички акт“.

Дваесет и девет годишниот возач беше застрелан од полицијата откако удри со камионетот во училишен автобус и излезе од него вооружен со воздушна пушка и пушка за пејнтбол. Две деца и двајца возрасни што биле во автобусот се повредени.

Шефот на противпожарната служба соопшти дека од 11-те повредени ниту еден не е во животна опасност. Очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем) излегувајќи од камионетот.

Полицијата пукала кон него и го погодила во стомак и потоа веднаш го уапсила. Напаѓачот е надвор од животна опасност.

Началникот на полицијата изјави на прес-конференција дека истражителите го оквалификувале нападот како „терористички акт“.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо нагласи дека осомничениот најверојатно дејствувал сам.- Засега нема докази дека нападот е дел од поширок план, изјави Куомо.

Мажот е идентификуван како Сафуло Хабибулаевич Саипов од Узбекистан, кој во САД влегол во 2010 година. Камионетот што го возел бил со реклама на американската компанија Хоум дипо.

На интернет се појави снимка за која се тврди дека на неа се наоѓа напаѓачот.

Нападот беше извршен во 15 часот по локално време во близина на меморијалниот споменик на Светскиот трговски центар.

Меѓу загинатите се петмина Аргентинци и Белгијка. Во соопштение на аргентинското МНР се нагласува дека жртвите се од градот Росарио и биле дел од група пријатели кои празнувале 30 години од завршување образование на улиците во градот. Белгијката била во посета во Њујорк, заедно со својата сестра и мајката. Други тројца Белгијци се повредени во нападот.

Како одговор на нападот, американскиот претседател Доналд Трамп, кој настанот го оцени како дело на „многу болен и ненормален човек“. побара зајакнување на контролата на американските граници.

Во порака на Твитер, Трамп доопшти дека наредил Министерството за внатрешна безбедност да ја зајакне уште повеќе програмата за проверка на странците кои сакаат да влезат во САД.

– Да се ​​биде политички коректен е добар, но не и за тоа!, додаде Трамп на Твитер.

Последен ваков терористички напад се случи на 22 мај, кога поранешен војник со полна брзина со автомобилот влета на плочникот на Тајмс сквер и уби една млада жена и рани 22 лица.

Менхетен Њујорк терористички напад Узбекистанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.